| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановци оштетиле фирма за 124.000 денари

Двајца жители на Куманово оштетиле фирма за 124.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(52) за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против И.С.(59) за „помагање“ во врска со горенаведените кривични дела. 

Првопријавената како сопственик и управител на правното лице „Витал МБ“-Куманово, вршејќи сметководствени услуги за правно лице од Куманово во периодот од 2008 до 2013 година, неовластено изготвувала налози фалсификувајќи го потписот на управителот на фирмата за која водела сметководствени услуги и истите не ги предавала на управителот, за да неможе да има увид во уплатените и исплатените средства на правно лице „Витал МБ“-Куманово. 

Второпријавениот бил ангажиран од страна на првопријавената да врши уплати и исплати на парични средства на оштетеното правно лице за сметка на други правни лица. 

Со овие дејствија, пријавените го оштетиле правното лице од Куманово за 124.066 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top