| четврток, 6 декември 2018 |

Кира Најтли одбива да работи со Џони Деп и со Орландо Блум

Кира Најтли

Кира Најтли

Кира Најтли категорично одбила да работи со своите колеги Џони Деп и Орландо Блум. Актерката признала дека не може да замисли да се врати во серијата „Пиратите од Карибите“. Иако Кира постигна светска слава со улогата на Елизабет Свон во филмовите во кои соработува со Џони и со Орландо, таа не сака повеќе да се појавува во филмовите.

pirati

 – Тоа беше фантастична фаза во мојот живот. Беше неверојатно, но не можам да замислам да се вратам – искрено изјавила бринетата.

Долгоочекуваниот петти дел од серијалот „Пиратите од Карибите“ во моментов е во фаза на селекција на актери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top