| четврток, 6 декември 2018 |

Aлен Исламовиќ најави спектакуларен концерт во Скопје (видео)

В петок во салата „Борис Трајковски“ македонската публика ќе може уште еднаш да се потсети на хитовите на „Бјело дугме“.

-Треба да дојдете на концертот, песните Горан малку ги преработи, но вистинско дожувување е со тој оркестар да го чуете „Ружица си била“, „Липе цвату“, „Има нека тајна веза“…, рече денеска на средбата со новинарите Ален Исламовиќ, кој заедно со Горан Бреговиќ и неговиот оркестар за свадби и погреби ќе настапат во Скопје.

Како што рече изборот токму тој да настапи на оваа турнеја по повод 40 години постоење на бендот, насловена „Ко не полуди тај није нормалан“ бил на Горан, но тоа не значи дека на некои од концертите нема да настапи и некој од другите вокали: Тифа или Бебек.

Песните ги избирале заедно, а како што рече сега му било многу полесно за соработува со Бреговиќ, бидејќи додека бил млад Брега бил многу темпераментен и знаел понекогаш и со гитарата да удира кога ќе се изнервира.

Сега е смирен. Веројатно тоа доаѓа со годините и многу полесно се разбираме, вели Исламовиќ, кој рече дека најпрвин и тој тешко се снаоѓал со оркестарот, но сега топло го препорачува.


 


 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top