Речиси половина од Британците сметаат дека сурфањето на интернет е поважно од комуникацијата со своето семејство. Според истражување, 48 % од жителите на Велика Британија посочиле дека се подготвени да се лишат од комуникацијата со најблиските луѓе во име на светската мрежа. Секој осми или 12 % од испитаниците може да помине подолго без храна отколку без да влезе на интернет. Интернетот ја престигнува дури и личната хигиена како приоритет. Секојдневниот туш е задача број два за денот, меѓу голем дел од учесниците во анкетата. За мнозинството Британци да имаат смартфон е поважно од машината за перење во домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.