Претстојната посета на Србија е нов почеток за цел Балкан, изјави албанскиот премиер Еди Рама, кој ќе го посети Белград на 10 ноември.
– Ова време бара нов и обединувачки пристап за една иднина која треба да биде подобра за сите наши народи, оставајќи го зад себе тоа од минатото што не спречуваше да тргнеме напред и предизвикуваше многу судири и крвопролевања, треба да го оставиме минатото и заедно да напишеме нова историја за мирот и регионалната соработка – изјави Рама за турската новинска агенција Анадолија.
Тој се осврна и на неодамнешната Конференција посветена на Западен Балкан во Берлин, под покровителство на германската Влада. Рама конференцијата ја оцени како историска за Балканот.
– Денес ние веруваме дека Балканот и е потребен на Европа исто како што е Европа му е потребна на Балканот. Конференцијата во Берлин отвори нова страница и сега сите ние на Балканот, без да губиме време, треба да изнајдеме нови начини за соработка во многу полиња – посочи Рама, додавајќи оти балканските држави поседуваат голем потенцијал за економски развој, но под услов потенцијалот да се искористи преку регионална соработка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни