| четврток, 6 декември 2018 |

Смена во Монте Карло: Ристиќ во Белград, родителите на Ноле сега го чуваат внукот

1488533-4

По победата на најдобриот играч во светот Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Париз, неговите родители Дијана и Срѓан отпатувале заедно со него во Монте Карло, првпат да го видат својот внук првенец.

Тие не ги криеле солзите-радосници кога првпат го виделе својот внук во рацете на снаата Јелена, која се грижела за бебето додека Ноле се борел да ја одбрани титулата во Париз. Со Јелена од раѓањето на бебето постојано биле нејзините родители, кои заедно со неа ги дочекале семејството Ѓоковиќ и направиле семејна прослава. Се славело и наздравувало за најмладиот Ѓоковиќ и за триумфот на тато Ноле до раните утрински часови. Млада мајка со насмевка ги примила подароците од свекорот и од свекрвата, меѓу кои имало и алка.

Родителите на Јелена, Миомир и Вера Ристиќ ги дочекале родителите на Ноле за заедно да го прослават раѓањето на Стефан, а потоа се вратиле во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top