| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Саемот за широка потрошувачка „Агрофуд“

itf-agrofud

Денеска почнува 64. издание на Саемот за широка потрошувачка „Агрофуд“, кој ќе трае до сабота. На саемот ќе бидат презентирани најновите достигнувања во областа на земјоделството, нови машини во земјоделската агромеханизација, разни видови вештачко ѓубре, машини во индустријата за пакување и амбалажирање храна и пијалаци, како и новините во конзервната индустрија, органската храна, хортикултурата. 

Дел од манифестацијата ќе бидат триесетина компании од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Холандија. Првпат годинава ќе се претстават холандски компании со линии за сортирање овошје и зеленчук, производство на иглолисни дрвја, опрема и инсталации за преработка на жито, решенија за сточна храна, вештачко ѓубре, заштита на посеви и начини за амбалажирање цвеќе во хортикултурата и земјоделството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top