Од први до четврти октомври на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка, „Агрофуд 2015“, каде продажниот аспект на готовата традиционална зимница е гаранцијата за полните тегли.
Освен квалитетната зимница, новитет се органските производи и македонската традиционална зимница, кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители.
-Продажниот аспект на саемот е гаранцијата дека секое семејство може лесно да се снабди со зимница од исклучиво природни состојки. Меѓу неколкуте новитети како органската храна и органските македонски производители е и одржувањето на Македонско-унгарски деловни средби за време на саемот. Целта е остварување на директни контакти со компаниите од Унгарија со креирање на можности за воспоставување на конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на македонските производи. Деловната делегација од Унгарија ја сочинуваат осум компании од агробизнис секторот од различни дејности – изјави проект манаџерот на Скопски саем, Магдалена Хамбова.
На изложбено-продажните штандови, освен прехранбените производи како храна, пијалoци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање, земјоделска и друга приклучна механизација, како и внатрешен транспорт.
Отворањето на „Агрофуд 2015“ ќе биде во четврток, 1 октомври, во 11 часот, а влезот ќе биде бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.