| четврток, 6 декември 2018 |

Стјуардеси повредени во турбуленции

AirFrance_A380
Авион на „Ер Франс“ влетал во турбуленции кратко по полетувањето од Париз за Њујорк. Четири стјуардеси здобиле повреди. До инцидентот дошло денес попладне, кога авионот на летот кон њујоршкиот аеродром JFK го погодило лошо време, соопшти француската авио-компанија, пренесе Танјуг.

Авионот веднаш се вратил на аеродромот „Шарл де Гол“, каде на повредените членови на летачкиот персонал им е пружена медицинска помош.

Не е познато колку сериозни се повредите на стјуардесите, а меѓу патниците немало повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top