
Половина од лекарите во Струмица се најдоа на удар на полицијата затоа што продавале лажни лекарски уверенија, од кои дел служеле за вадење бугарски пасоши, соопшти полицијата
СВР Струмица поднесе кривична пријава за В.М.(53), Љ.Р.Б.(40), Т.Р.(36), В.П.(45), Р.М.(40), Д.Ѓ.(33), К.М.(35), Ј.М.Г.(40), К.С.(27) и З.П.(41), сите од Струмица, доктори по општа медицина во здравствени установи во Струмица за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување службена исправа и издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение, како и против Џ.Н.(45), М.Ј.(35), М.Б.(41), А.Ц.(57) и Л.Б.(59) за примање награда за противзаконито влијание и издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение.
Во периодот од 2010 до 2012 година, првите десет пријавени, спротивно на Законот за евиденции во областа на здравството, на барање на останатите пријавени издале 80 фалсификувани лекарски уверенија, дел од нив се бланко-пополнети без впишано име и презиме и со иден датум, без притоа истите да бидат евидентирани во амбулантските дневници за извршени прегледи и издадени уверенија, а за услугата од заинтересираните странки наплатувале износ од 300 до 3.000 денари по едно лекарско уверение. Останатите пријавени од лица заинтересирани за добивање на бугарско државјанство наплатувале од 150 до 500 евра по што им обезбедувале лекарски уверенија, а потоа истите ги употребувале пред овластените државни органи во Бугарија во постапката за добивање на бугарско државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


