
Украина продолжува да се придржува кон мировниот план во прорускиот бунтовнички исток и е подготвена да одговори на евентуална сепаратистичка офанзива, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко на почетокот од седницата на Советот за национална безбедност и одбрана.
Тој истакна дека неколку нови единици се формирани со цел да се запре евентуална офанзива против Маипољ, Харков, Бердјанск и Днепропетровската Област.
Порошенко посочи и дека Киев сака да внесе одредени измени во своите ангажмани во мировниотплан по сепаратистичките избори во Доњецк и во Луганск.
– Подготвени сме да усвоиме нов закон и да одредиме нов датум за избори во некои региони во Донбас, наведе порошенко, додавајќи оти се надева дека Советот за национална безбедност и одбрана и Врховната рада ќе го поддршат неговиот предлог за укинување на специјалниот статус на Донбас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


