Селекторот на српската ракометна репрезентација Дејан Периќ ја образложи одлуката да го суспендира голманот на Вардар, Страхиња Милиќ поради пијанство, за квалификацискиот дуел со Израел. Милиќ не отпатува за Израел, а потоа изјави дека не бил избркан од репрезентацијата, туку самиот ја напуштил и дека не бил пијан, туку поднапиен.
„Милиќ беше толку пијан, што наместо потпис, нацрта четири шестки. Да бројки, наместо име и презиме. Кога пристигна во седум часот наутро беше многу пијан и не знаевме што да правиме со него. Сакавме да го носиме во болница на испирање на желудникот. Имаше и други испади и за мене тој е минато, завршена приказна“, изјави Периќ за српските медимуи.
Милиќ веќе неколку години е голман на скопски Вардар и е еден од омилените играчи на навивачите на „црвено-црните“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.