| четврток, 6 декември 2018 |

Се бара девојка по име Елизабет Галагер за патување околу светот

image

Џордан Аксани од Торонто во март годинава купил два билети за пат околу светот со неговата девојка Елизабет Галагер.

Сето тоа би било совршено и романтично ако врската не им се распаднела, бидејќи Елизабет го оставила Џордан. Компанијата не сакала да му го врати едниот билет, па тој бил приморан да пронајде друга девојка со исто име и презиме, која би била подготвена да патува со него.

За да не пропадне картата, Аксани на Редит објавил оглас за да најде девојка со име Елизабет Галагер, која што сè што треба да стори е на 21 декември да се појави на њујоршкиот аеродром „Џон Фицџералд Кенеди“ за 18-дневно патување по Италија, Франција, Тајланд и Индија, да има канадски пасош и со себе да понесе пари.

Меѓутоа, постојат и некои основни правила што ги поставил Џордан. Тој не бара ништо за возврат, ниту ќе ми пречи ако таа сака сама да шета, но тој нема да ги плаќа нејзините сметки, туку само ќе ѝ подари билет и ќе ја чести пијачка пред враќањето назад.

Засега нема информации за резултатите од огласот, а неговата приказна се најде на интернет сајтовите и стана вистински хит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top