| четврток, 6 декември 2018 |

МКД: Уапсени организаторите на протестите

incident

МВР ги идентификувала уапсените лица како водачи на протестите, дознаваат од МКД.мк. Според информациите на порталот, уапсени се пред најавените протести кои треба да почнат денеска по молитвата во Јаја-пашината џамија во Чаир.

– Полицијата ќе продолжи да ги приведува сите лица за кои има сознанија дека учествуваа во минатонеделните насилства – изјавил портпаролот на МВР, Иво Котевски, за МКД.мк.

Последниве неколку дена Албанците се самоорганизираат за денешните протести преку социјалните мрежи. Според најавите, протестите треба да почнат околу 12.30 часот, а толпата треба да се движи од џамијата, преку Бит-пазар, „Мавровка“, па кон Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top