
МВР ги идентификувала уапсените лица како водачи на протестите, дознаваат од МКД.мк. Според информациите на порталот, уапсени се пред најавените протести кои треба да почнат денеска по молитвата во Јаја-пашината џамија во Чаир.
– Полицијата ќе продолжи да ги приведува сите лица за кои има сознанија дека учествуваа во минатонеделните насилства – изјавил портпаролот на МВР, Иво Котевски, за МКД.мк.
Последниве неколку дена Албанците се самоорганизираат за денешните протести преку социјалните мрежи. Според најавите, протестите треба да почнат околу 12.30 часот, а толпата треба да се движи од џамијата, преку Бит-пазар, „Мавровка“, па кон Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


