Откако сите светски медиуми ја објавија веста дека Сораја била во врска со фудбалерот на Барселона, Нејмар, каталонските медиуми објавија дека српската старлета ја измислила целата приказна поради слава.
Таа ги искористила фотографиите на кои се сликала со Нејмар пред неколку месеци на Ибица, за да ја поткрепи целата приказна.
Сораја во моментов се наоѓа во Барселона и секој ден на социјалните мрежи закачува слики од таму и на тој начин ја поткрепува својата приказна за наводната врска со фудбалерот.
Весникот наведува дека Сораја отишла до таму што во авион се сликала со дресот на Нејмар на себе тврдејќи дека славниот фудбалер пратил авион по неа. Оваа вест била објавена во сите светски медиуми, а Нејмар на социјалните мрежи иронично напишал: „Дали вие пробувате да ми ја наместите оваа девојка? Хахаха…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.