Според индексот на просперитет за 2014 година кој го составува независната организација „Легатум институт“ , Норвешка е на првото место на ранг-листата, што ја прави најпосакувана земја за живеење. При составување на листата земени се предвид осум категории: стопанство, претприемаштво, управување со земјата, едукација, лични слободи, здравје, сигурност и општествен капитал. Норвешка добила најдобри оценки за сегментот општествен капитал, а најлоши за претприемаштво.
На второ место е Швајцарија, а на трето Нов Зеланд, што е скок на оваа земја за две позиции во однос на 2013 година.
Според истражувањето, 90 отсто Норвежани веруваат дека нивната земја е добро место за живот на имигрантите, а дури 94,9 отсто сметаат дека може да сметаат на помош на сограѓаните, ако имаат потреба.
Секој трет учесник во истражувањето (29,7 отсто) смета дека корупцијата е многу присутна во државата.
Листа на 10 најпросперитетни земји во светот
1. Норвешка
2. Швајцарија
3. Нов Зеланд
4. Данска
5. Канда
6. Шведска
7. Австралиија
8. Финска
9. Холандија
10. САД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Лавот во Португалија, Стрелецот во Грција: Каде треба да живеете според вашиот хороскопски знак?