| четврток, 6 декември 2018 |

Хјустон продолжува да победува, Оклахома повторно загуби

Кошаркарите на Хјустон ја забележаа и четвртата победа во низа откако на гости ја совладаа Филаделфија со 104-93, додека во дербито на вечерта Бруклин славеше над ослабената Оклахома со резултат 116-85.

„Ракетите“ на четири одиграни натпревари имаат исто толку победи. Најефикасен на натпреварот беше Харден, кој уфрли 35 поени, додека Хауард застана на 11 поени, но успеа да фати 14 топки. Кај поразените, Вортон запиша 20 поени, додека Мек Даниелс и Дејвис постигнаа 14, односно 13 поени.

Во дербито на вечерта Бруклин на домашен терен ја декласира Оклахома, која немаше помош од Вестбрук и од Дурант. Тандер во ниту еден момент не беше ни блиску да освои една четвртина. Кај победникот преовладуваше тимска игра, Лопез и Андерсон уфрлија по 18 поени, Вилијамс 17. Од друга страна, најефикасен на натпреварот беше Џексон со 23 поени, додека Телфир и Џонс постигнаа по 16 поени.

Резултати НБА:

ЛА клиперс – Јута 107-101,

Далас – Бостон 118-113,

Денвер – Сакраменто 105-110,

Бруклин – Оклахома 116-85,

Мемфис – Њу Орлеанс 93-81,

Филаделфија – Хјустон 94-103.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top