| четврток, 6 декември 2018 |

ДОМ: Тетово и Битола останаа во смог, Скопје се спаси

fabriki

Откако „Макстил“ привремено затвори, граѓаните на Скопје се спасија од загадениот воздух, но Тетово и Битола останаа во смог“, констатираа од ДОМ, како што велат, крајно разочарани од одлуката на Владата да му дозволи на „Југохром“ да продолжи да работи без еколошки стандарди, оставајќи го Тетово да биде најзагадениот град во Македонија. 

„Не веруваме дека менаџментот на ’Југохром‘ воопшто има намера да набави еколошка опрема и стравуваме дека само сака да купи време, да го собере профитот без дополнителни инвестиции во опрема и по две години да си замине, оставајќи ги работниците без работа, а тетовци без здравје“, се вели во соопштението на ДОМ, потсетувајќи и на проблемот со РЕК Битола, кој не беше врзан со рокот од 1 април 2014, што не значи дека му е дозволено да загадува и да го разболува градот и околината. Тоа е државна фирма и на државата треба да и’ биде приоритет еколошкото приспособување на овој стратешки енергетски капацитет, поради што бараме итно вложување во еколошка опрема во РЕК Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top