Холивудскиот актер Том Круз е во врска со австралиската манекенка Миранда Кер. Се запознале во Лондон, само неколку недели по разделбата на убавицата со Орландо Блум.
– Од ноември минатата година, откако Том ја сретнал Миранда на официјална вечера во Лондон, тој не може да ја тргне од умот – пишува австралиското списание „Њу ајдија“.
Круз е самец, откако неговиот брак со Кејти Холмс се распадна во 2012 година. Манекенката, која има тригодишен син Флин од Орландо Блум, успеваше доста вешто да ги збунува медиумите со љубовните врски. Долго време се сметаше дека убавицата е во врска со богатиот Џејмс Пакер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.