Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција.
– Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање мостри и вршење лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се увезуваат од Република Турција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми – велат од Агенцијата.
Воедно, се најавува дека, по изнесените наводи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет.
Од почетокот на годинава заклучно со септември, на македонскиот пазар увезени се 4.784.014 килограми лимони, по потекло од Грција, Шпанија, Бразил и Италија. Во истиот временски период само од Република Турција увезени се 2.913.823 килограми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно
-
АХВ: Одземена лиценцата за извоз на месо на бразилска компанија
-
Извозот во првото полугодие зголемен за 16,2 отсто, увозот за 11,2