Во интервју латинската дива Џенифер Лопез изјавила дека првиот маж што го освоил нејзиното срце бил актерот Бен Афлек. Четириесет и петгодишната ѕвезда беше две години во врска со Бен, која заврши во 2004 година. Двајцата се запознале на снимањето на филмот „Џили“ и стигнале дури до свршувачка, која Афлек ја растурил.
Лопез има успешна кариера, но нема многу среќа во приватниот живот. Таа била мажена три пати и има неколку неуспешни, долги врски со Паф Диди, со Бен и последната со танцувачот Каспер Смарт.
Пред ТВ-водителката Марија Шрајвер (поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер), Џеј Ло објаснува зошто се омажила за Марк Ентони, само неколку месеци по разделбата со холивудскиот актер.
– Разделбата со Бен ми беше првата навистина голема љубовна мака и токму тогаш во животот ми се појави еден од моите најдобри пријатели – Марк и стана моја потпора. Со него се познававме одамна и, всушност, се сакавме. Сфатив дека, сепак, никој не може да те спаси или да ти го излечи скршеното срце – вели Лопез.
Од бракот со Ентони таа има две деца, близнаците Макс и Ејми. Во моментов Џенифер е слободна жена, но не планира да остане сама уште долго.
– Јас сум отворена да сакам, но токму сега ми е подобро да бидам сама за да научам повеќе за себе – изјавува поп-дивата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


