| четврток, 6 декември 2018 |

Многумина на сметаа само за сопруга на фудбалер, но таа денес е побогата од него

victoria

Викторија Бекам, некогаш позната како Пош и член на популарната група Спајс Грлс, подоцна стана сопруга на Дејвид Бекам, а сега е сопственик на вистинско бизнис царство и „најуспешна британка претприемач во Велика Британија“.

Викторија со својата заработка го надминала својот сопруг и популарниот пензиониран фудбалер на светот Дејвид Бекам.

Додека многумина ја оспоруваа дека основала своја модна куќа, таа вредно работела и од рекламни кампањи заработила преку 100 милиони фунти.

Иако нејзиниот бренд содржи и чанти кои чинат и по неколку илјади евра Викторија има и колекции кои можат да ги купат и оние кои немаат толку многу пари, а својата прва продавница ја има отворено пред неколку месеци во Лондон.

Многумина славата од нејзиниот моден бренд ја препишуваат на славата и вложените пари на нејзиниот сопруг, но Викторија во повеќе наврати истакнала дека вредно работи, што нејзиниот работен ден понекогаш трае и по 14 часови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top