На патеката во Остин за големата награда на САД се возеше 17 трка од најбрзиот циркус во светот.
Победник е возачот на Мерцедес Луис Хамилтон на кого ова му е петта победа по ред оваа година. Тој трката ја стартуваше од второто место веднаш за клупскиот колега и најголем конкурент за титулата Нико Розберг.
Розберг стартуваше од пол=позицијата и беше прв се до 24 круг кога мораше да му го препушти првото место на Хамилтон.
По ова Бритенецот извозе одлична трка и во ниту еден момент лидерското место не му беше загрозено. На третото место се пласираше Даниел Рикардо од Ред Бул, а четврти беше Фелипе Маса од Вилијамс.
До крајот на овогодинешниот шампионат остануваат уште две трки. Следната се вози во Бразил на 9 ноември, а последната е во Абу Даби на која по новите правила за победа се доделуваат 50 бода.
Во генералниот пласман води Луис Хамилтон со 316 бода дури 24 повеќе од клупскиот колега Нико Розберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.