| четврток, 6 декември 2018 |

Израел ги затвори граничните премини со Појасот Газа

Израел денеска ги затвори граничните премини со Појасот Газа, откако во петокот од палестинска територија беа истрелани ракети кон Израел.

– Граничните премини за луѓе и стока, Ерез и Керем Шалом, се затворени на неопределено време, освен за премин на хуманитарна помош, изјави портпарол на израелската армија.

Ракетата која е истрелана од Газа на територијата на израелската област Ешкол не предизвика човечки жртви, нити материјална штета. Тоа е прва истрелана ракета од палестинска на израелска територија од 16 септември, а втора откако официјален Тел Авив ја
прекина 50-дневната офанзива врз Газа.

Договореното примирје меѓу Израел и движењето Хамас стапи во сила на 26 август, со што заврши 50-дневниот конфликт во кој загинаа 2.140 Палестинци и 73 Израелци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top