| четврток, 6 декември 2018 |

Алисон Пино потпиша за Крим

Доскорешната ракометарка на ЖРК Вардар француската интернационалка Алисон Пино е нов игра на Крим од Љубљана.
Клубот ја потврди соработката со најдобриот светски играч од 2009 година и таа треба да им се приклучи на своите нови колешки веќе од понеделник.
Во Крим настапуваат две македонски репрезентативки Мирјета Бајрамовска и Марина Ламбевска.
По раскинот на соработката со вардарки, Пино се поврзуваше со европскиот шампион Ѓер, но поради операцијата на Пино и нејзиното отсуство до крајот на првиот дел од сезоната тие се откажаа, а Крим беше најубедлив да ја донесе црномурестата Французинка.
Алисон Пино не настапи на првите два натпревари за ЖРК Вардар во Лигата на шампионите и ќе има право да игра за Крим во најелитното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top