
ОН почнаа голема проверка на мировните операции на организацијата поради критиките за слабата ефикасност, јави ТАСС.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун за таа цел создаде независна експертска комисија. Тоа е најголема сеопфатна проверка на персоналот од 130.000 миротворци на ОН во речиси 15 години.
Ерве Ладсу, заменикот генерален секретар на светската организација, одговорен за мировните операции, изјави дека мисиите се во најтешка позиција од создавањето на ОН пред повеќе од 70 години. Над 100 миротворци загинаа годинава.
Најголема закана за „сините шлемови“ моментално претставува справувањето со епидемијата на вирусот ебола.
Некои од 16-те мировни мисии на ОН се најдоа под критика за слаба ефикасност и бавно распоредување во конфликтните зони.
Се очекува комисијата предводена од поранешниот претседател на Источен Тимор Жозе Рамуш-Орта, добитник на Нобел за мир во 1996 година, да ги претстави своите препораки во септември идната година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим


