| четврток, 6 декември 2018 |

Избори во БиХ: Харис и Расим станале „Срби“ за пратенички мандат

sv-BiHНа изборите во БиХ, двајца кандидати на босанската партија, Харис Плехо и Расим Смајиќ, се изјасниле како Срби за да може да бидат избрани во Домот на народите на Федерацијата БиХ, во која живеат мал број Срби. Додека од Централната изборна комисија велат дека се немоќни да ги спречат ваквите случувања, дел од партиите негодуваат додавајќи дека тоа е формула која не смее да се употребува во земјата.

Плехо за медиумите отфрла дека причина за потенцијалното „посрбување“ биле парите и дека се работи за „изборно инженерство“.

Истовремено, медиумите посочуваат дека Плехо е актуелен пратеник во градскиот совет на Сараево, но од редовите на „останати“ што ја потврдува леснотијата за менување на „националните“ дресови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top