На последниот ден пред истекот на рокот, 3.958 обрзници успешно регистрирале 9.100 фискални апарати со ГПРС уред, информираат од Управата за јавни приходи.
Обврска да воведат фискален апарат со ГПРС до денеска имаат даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, како и обврзници кои вршат угостителска дејност и промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи). За останатите рокот е 31 јануари 2015 година.
– И покрај постојаните апели од УЈП упатени преку средствата за јавно информирање, како и доставените персонализирани известувања до даночните обврзници за навремена регистрација и воведување на фискален апарат со ГПРС уред, околу 5.000 обврзници воопшто ја немаат почнато оваа постапка – наведуваат од УЈП.
Законот предвидува времена мерка забрана за вршење дејност и парични глоби за правното лице и одговорното лице, доколку немаат воведено фискален систем со ГПРС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.