| четврток, 6 декември 2018 |

Џерард го напушта Ливерпул на крајот на сезоната?

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, изјави дека би можел да го напушти клубот од „Енфилд роуд“ на крајот од сезоната доколку клубот не му понуди нов договор.

Легендарниот Стиви Џи уште од неговата деветта година е член на Ливерпул со кого дојде до титулата во Лигата на шампиони, а наскоро ќе го дочека и неговиот 700. настап во дресот на „црвените“. Сепак, играчот за врска со клубот е врзан до крајот на оваа сезона.

Со оглед дека не сака да ја заврши кариерата по оваа сезона, Џерард би можел да продолжи во друг клуб.

– Можам само да се грижам за оваа сезона, бидејќи имам договор до мај. Како што стојат работите во моментот, тука сум до крајот на сезоната и сакам тоа да го искористам. Сигурно кариерата нема да ја завршам следното лето, ќе играм и по оваа сезона. Мораме да чекаме за да видиме дали тоа ќе биде во Ливерпул или во друг клуб, одлуката е на Ливерпул. Ако нивната понуда не стигне, ќе видам што се нуди – изјави Џерард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top