Првата клапа од новиот долгометражен филм „Ослободување на Скопје“, кој денеска почна да се снима во Велес, екипата на филмот реши да му ја посвети на неодамна починатиот колега Ѓорги Ѓорѓиевски-Џокер.
Популарниот Џокер почина во февруари оваа година, во 56-та година од животот и во својата кариера, која ја почнал во 80-тите години на минатиот век, работел со Питер Устинов, Бранко Лустиг, Столе Попов, Милчо Манчевски, Горјан Тозија и други проминентни филмски уметници и дејци.
Ѓорѓиевски работел во скоро сите македонски филмови и со најеминентните филмски уметници: „Писмејкер“, „Мемет“, „Компанија“, „Тетовирање“ и многу други, од организатор, преку возач, до продукциски менаџер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура