Аргентинецот Хавиер Маскерано е прогласен за најдобар играч во тимот на Барселона за минатата сезона.
Маскерано ја прекина серијата на Лионел Меси, кој во претходните три години ја освојуваше оваа престижна награда, која ја доделува жири составено од членовите на управата.
Наградата го носи името „Спомен за Алдо Ровиро“, во знак на сеќавање на членот на клубот, кој во 2009 година загина во сообраќајна несреќа.
– Им благодарам на сите што гласаа за мене. Ќе продолжиме да ги правиме истите работи како досега, со иста посветеност и ќе останеме верни на тоа што клубот го бара од нас, а бара многу – изјави Маскерано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.