На тројцата напаѓачи, кои на железничка станица во Кина во март со нож убија 31 лице, а повеќе од 140 повредија, денеска им е потврдена смртната казна.
Високиот народен суд во провинцијата Јунан ја одби жалбата на Хасан Мухамед и ја потврди пресудата на судот од Кунминг донесена минатиот месец, јави Синхуа.
Судот во Кунминг го осуди Мухамед и уште двајца мажи за „водство со терористичка група“ која го планираше и го изведе нападот на железничката станица во март во Кунминг.
Високиот суд ја потврди казната доживотен затвор за бремената жена, која, исто така, учествуваше во нападот.
Во согласност со кинеските закони Врховниот суд на Кина ја носи конечната одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија