Викаат дека љубовта е слепа, а судејќи по двојкиве најверојатно дека навистина е слепа. Некои познати двојки се многу убави и слатки, додека некои двојки претставуваат комбинација од „убавицата и ѕверот“.
Даг Хачинсон и Кортни Студен
Во 2013 година тие беа највознемирувачката двојка. На Даг се сеќавате од филмот „Зелена милја“ со Том Хенкс (1999 год.), а слатката Кортни е позната по забавите и венчањето со Хачинсон и тоа додека таа имаше само 16, а тој 51 година. Двојката навлече големо медиумско внимание, каде што многу го именуваа Хачинсон како педофил и силувач. Се разведоа по една година брак, кога младата Кортни го напушти Даг за да учествува во „Големиот брат“.
Сун Ји Превин и Вуди Ален
Ќе го игнорираме фактот дека помеѓу нив има разлика од 35 години и ќе се фокусираме на нивната неверојатна „љубовна“ приказна. Вуди Ален (78) се забавуваше до Миа Фароу кога се запозна со Сун Ји, посвоената ќерка на Миа од претходниот брак. Тоа Сун Ји во принцип ја прави поќерка на Вуди. Тие двајца се запознаа кога Сун Ји беше многу млада. Тие се веќе 15 години во брак.
Мери Кејт Олсен и Оливер Саркози
Познатата двојка Мери Кејт Олсен (26) и Оливер Саркози (42), полубратот на францускиот претседател Никола Саркози, почнаа да се забавуваат во 2012 година. Покрај разликата во години, тие двајца изгледаат малку чудно како двојка. Мери Кејт Олсен е многу ситна и ниска, а Оливер е многу повисок од неа, па така што Мери повеќе наликува на негова ќерка отколку на вереница.
Хајден Пантиер и Владимир Кличко
Хајден Пантиер, глумица позната по својата улога во серијалот „Херои“ и Владимир Кличко, професионалниот украински боксер, почнаа да се забавуваат во 2009 година. Покрај 13-годишната разлика во години и кај нив има голема разлика во висината, така што и тие изгледаат смешно. Хајден и Владимир раскинаа во 2011 година, но набрзо се смирија и објавија за својата веридба.
Еван Рејчел Вуд и Мерилин Менсон
Мерилин Менсон во својот живот имал неколку чудни врски, но врската со Еван Рејчел Вуд која имала 19 години кога се запознале, секако спаѓа во најконтровезните. Менсон тогаш бил на 38-годишна возраст кога почнаа да се забавуваат, така што фактот дека доби големо медиумско внимание и не е така чудно. Таблоидите во тоа време пишувале дека Менсон многу се плеткал во изборот на кариерата на Еван, што дури ја убедил и да го прифати неговиот екстравагантен стил на облекување и шминкање. После неколку пропаднати веридби, тие конечно раскинаа во 2010 година.
Хајди Клум и Сил
Убавицата и Ѕверот, Хајди Клум и Сил, почнаа да се забавуваат уште од 2004 година. Нивниот брак траеше 7 години кога одеднаш Хајди влегла во кризата од средните години и го изневерила Сил со неговиот телохранител Мартин Кристен. Во април 2013 година двојката се разведе.
Ајла Фишер и Саша Барон Коен
Глумицата Ајла Фишер и еден од најсмешните комичари во Холивуд Саша Барон Коен, познат по улогите на Борат, Бруно и Али Џи, во брак се од 2010 година. Почнаа да се забавуваат во 2002, а се свршија во 2004 година. По 12 години заедно и две деца, тие сѐ уште изгледаат среќно, што е малку изненадувачки за холивудските двојки. Најверојатно, Саша знае како да ја насмее.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.