Клубот на ултрабогатите веќе не е толку ексклузивен, откако бројот на милијардери се зголеми речиси двојно од финансиската криза наваму, покажуваат податоците на фондацијата за добротворни цели „Оксфам“.
Во светот имало 1.645 милијардери во март 2014 година, во однос на едвај 793 во март 2009 година. И додека богатите продолжуваат да се богатат и да собираат пари, кои, најверојатно, никогаш нема да можат да ги потрошат во својот живот, стотици милиони луѓе во светот живеат под прагот на основните услови за живот, без пристап до здравствена грижа или образование, коментират од оваа хуманитарната фондација.
Состојбата на 85 најбогати луѓе во светот се зголеми за 668 милиони долари меѓу 2013 година и 2014 година, што е еднакво на речиси половина милион долари во минута. Од организацијата нудат наметнување данок на милијардери и потсетуваат дека само данок од 1,5 процент од богатството, би донел средства во износ од 74 милијарди долари годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Запознајте ги Тајлер и Камерон Винклвос, браќата кои станаа први милијардери во биткоин
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум