| четврток, 6 декември 2018 |

15 загинати во сообраќајка во Турција

15-zaginaha-pri-katastrofa-v-turciq-265277

Најмалку 15 лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа во Турција, јавуваат турските медиуми.

Автобусот што превезувал повеќе од 40 земјоделски работници се превртел во јужниот дел на провинцијата Испарта. Во сообраќајката се повредени уште 27 лица и многумина од нив се во критична состојба. Локалните власти  јавуваат дека повеќето од жртвите и повредените се жени што оделе на работа.

Според првичните информации, причина за трагедијата е техничка неисправност на автобусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top