Американските власти го фатиле човекот обвинет за убиство на полицаецот Брајан Диксон на 12 септември и за тешко ранување на уште еден полицаец во заседа во близина на полициската касарна во Пенсилванија.
Седумнеделната потрага по 31-годишниот Ерик Фрејн е завршена вчера, по што бегалецот е префрлен во притвор. Полицијата не објави детали за апсењето.
Фрејн бил член на организацијата „Источен волк“, чиишто членови настојуваат да ја поддржат борбата на војниците од источна Европа. Тој, најверојатно, долго време ја планирал пресметката со американските органи на редот и бегството во шумата.
Тој бил одлично обучен за преживување во природа и веројатно однапред имал подготвено складиште со храна, вода и со други потреби на скришни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


