| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен концерт „Подај рака за Евица“

На 6 ноември во Дом на АРМ (19 часот) во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Подај рака за Евица“ за собирање финансиски средства за лекување на д-р Евица Бојаџиева од Штип која боледува од карцином на црниот дроб. За лекување на д-р Бојаџиева во НР Кина се потребни 120.000 долари.

Цената на влезниците за концертот е 100 денари. Влезници во Скопје можат да се купат во просториите на приватната фирма „Фригошоб“ во населбата Автокоманда, како и на телефонските броеви 078456663 – Александар или 071619518 – Мартина. За хуманите луѓе од Штип ќе биде организиран бесплатен автобуски превоз, а влезници да се обезбедат на бројот 078314932.

За д-р Евица Бојаџиева може да се донира и на телефонските броеви: 077-143-702 ВИП, 075- 143-200 Оне и 070-143-108 Т-Мобиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top