Кралицата Елизабета Втора е прогласена за најмоќна жена во Велика Британија во изборот на BBC.
Британската кралица се нашла на самиот врв на листата од 100 најмоќни жени, која била претставена во рамки на емисијата „Woman’s Hour“ на британскиот јавен сервис.
Кралицата Елизабета Втора е кралица на Британија и Комонвелтот веќе 59 години, ниту една жена – водач на држава не стигнала до нејзиниот рекорд на долговечност и владеење. Елизабета Втора не е само фигура, таа е речиси глобална институција и со нејзините 84 години сеуште патува по светот.
Таа е кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии здружени во сојузот наречен Комонвелт. Според Вестминстерскиот статут од 1931 год., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години.
Стапила на тронот во 1952 год. Моментално таа е втор најстар шеф на држава во светот, по кралот Бумибол на Тајланд. Во периодот од преку 50 години владеење, кралицата има доживеано смена на 10 британски премиери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.