Пјонгјанг го поништи пактот за ненапаѓање со Јужна Кореја и истовемено ја укина телефонската линија за итни случаи само неколку часа откако Советот за безбедност на ОН ги усвои новите санкции против оваа комунистичка земја, пренесува Корејската новинска агенција.
Санкциите следуваат откако Северна Кореја, и покрај предупредувањата на меѓународната заедница, изврши трета нуклеарна проба.
Северна Кореја завчера се закани и со нуклеарен напад врз САД ако биде изгласан новиот пакет со санкции. Вашингтон одговори дека САД се подготвени да се одбранат од евентуален напад со балистички ракети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.