| четврток, 6 декември 2018 |

Одгледување лешници – Мала инвестиција, огромна заработка

Одгледувањето лешници е бизнис во подем во земјава, кој со мало вложување за неколку години не само што го враќа вложеното туку и носи одлична заработка. Со одгледувањето на садниците од сортата лешници tonda gentille della lange, од кои се прави познатиот чоколаден крем „нутела“, растот на бизнисот е загарантиран. Единствениот застапник за садниците од оваа сорта во земјава, Сашо Крстевски, вели дека претставниците од италијанската компанија „Фереро“ на сите земјоделци што се заинтересирани да подигнат садници со оваа сорта лешници им нудат договор за загарантиран откуп и едукација за одгледување на лешниците. Бизнисот со овој вид лешници е во полн цут, а инвестицијата е минимална. Државата дава субвенција за одгледување лешници, и тоа по 28.000 денари за хектар, а со оглед на тоа дека условите во земјава за одгледување на ова коскесто овошје се поволни, успехот е неизбежен. За да се комплетира кругот на производство, во Виница ќе почне да се гради откупно-дистрибутивен центар за преземање и за дообработка на лешниците.

Zemjodelstvo109-lesnici-Sase-Krstevski– Оваа есен, најверојатно, пре­­ку 200 хектари ќе се заса­дат со лешници. Со самото поди­гање на садниците Италијанците нудат договор за загарантиран откуп на родот, така што секој што е заинтересиран за садници од нашата фирма, слободно нека контактира со мене. Сакам да истакнам дека ние ќе работиме како колектив, со кооперанти, не како поединци самоволно. Тоа би значело дека ќе треба сите да ги прскаме садниците во исто време и со исти средства, кога ќе се ора, сите ќе треба да го правиме тој процес и така натаму. Инаку цената на една садница од Италија со транспорт до Македонија, со сертификат за враќање на вложените средства, и со фактура за субвенции чини 3 евра по садник – објаснува Крстевски.

– Математиката покажува дека инвестицијата за еден хектар изнесува 2.000 евра, а се враќа за две-три години. Позитивното е што откупот на родот е загарантиран по берзанската цена на лешникот во Италија, која расте поради слабиот род во Турција – додава Крстевски.

 

Zemjodelstvo109-lesnici-3

Лешникот е дрво кое живее од 70 до 100 години, а раѓа плод од 50-70 години. Според стручната литература, во полн род од едно стебло се добиваат 8-12 килограми. Во зависност од формирањето на круната, густината на садење, староста, сортата и агротехничките мерки, лешникот има род од 2,2 тона, па до 3,6 тони по хектар.

Колку пари и за што ви се потребни при подигнувањето на насадите со лешници:

  • 600 садници = 1.800 евра
  • За длабинска обработка на почвата =350 евра
  • За ископување дупки = 200 евра
  • За прегорено ѓубриво = 50 евра
  • За работници = 100 евра

Zemjodelstvo109-lesnici-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top