| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез: Долго време ми требаше да сфатам дека сум малтретирана

Дали психичкото насилство е главната причина за разводот меѓу Џенифер Лопез и Марк Ентони?

jennifer-lopez-marc-anthony-kids

Џенифер Лопез открила повеќе за разводот со Марк Ентони во мемоарите „Вистинска љубов“.

Четириесетгодишната Џенифер во своите мемоари се потсетила на денот кога сфатила дека нејзиниот брак е готов, како и на мислите што ѝ биле тогаш во главата.

Пејачката во јули 2011 година се наоѓала на снимање, а неколку денови претходно ја славела седумгодишнината на бракот. Нејзините близнаци Макс и Ема уживале во среќно детство, а најновиот сингл „On the Floor“ ја соборувал светската листа. Иако од надвор сè изгледало совршено, Џенифер водела војна со себе.

– Во страв и паника погледнав во Бени и во мајка ми и си реков – мислам дека не можам веќе да бидам со Марк. Штом излегоа тие зборови од мене, почнав да плачам. Тоа беше мојот најголем страв – признала пејачката.

Џенифер и Марк за разводот објавија на 15 јули 2011 година.

„Најтешкиот ден во мојот живот“, напишала Џенифер.

За време на седумгодишниот брак Џенифер никогаш не зборувала за својата врска, но во една пригода нагласила дека тие двајца се како „Сони и Шер“, што ги потикнало шпекулациите за нивниот проблематичен однос.

„Мажот ме нема никогаш ниту удрено, ниту некогаш имав подлив под окото, ниту расцепена уста, но бев малтретирана на друг начин – ментално, емоционално, вербално. Знам какво е чувството кога сакаш некого, а тој се однесува ужасно кон тебе“, напишала Џенифер.

Таа, иста така, пишува дека ѝ биле потребни многу години за да сфати дека е емотивно малтретирана и дека секоја минута во таква врска и прифаќањето на таквото однесување е некој вид прифаќање на малтретирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top