| четврток, 6 декември 2018 |

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии

Најдобрите студенти на овие два факултета, Бисера Степановска од Фармацевтскиот и Александар Јовановски од Медицинскиот факултет добија еднократна парична награда во висина од 1.200 евра, како првенци на генерацијата. Степановска, со просек 9,98, која досега била и стипендист на фондацијата „Трајче Мукаетов“ од први ноември својата професионална кариера ќе ја започне во „Алкалоид“ во одделот фармација

zivko-mukaetov-2

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава традиционално додели 40 нови стипендии, и тоа 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје за учебната 2014-2015 година.

Најдобрите студенти на овие два факултета, Бисера Степановска од Фармацевтскиот и Александар Јовановски од Медицинскиот факултет, добија еднократна парична награда во висина од 1.200 евра, како првенци на генерацијата. Степановска, со просек 9,98, која досега била и стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, од први ноември својата професионална кариера ќе ја започне во „Алкалоид“ во одделот фармација.

zivko-mukaetov-6

Бисера Степановска и Живко Мукаетов

– За седум години, почнувајќи од 2007-2008 година Фондацијата стипендирала вкупно 304 студенти по фармација и медицина. Од нив 103 студенти по фармација и 72 по медицина се веќе дипломирани. Од 2009 година својата кариера во „Алкалоид“ во одделите на сегментот фармација ја започнале 24 од стипендираните студенти на Фондацијата – изјави Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата.

Фондацијата е основна со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“  и има цел стипендирање, донирање и финансирање талентирани доктори и фармацевти, како и финансиска поддршка на проекти од овие две области.

– Просекот на студентите е значително подобрен откако е формирана Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Престиж е да се биде стипендист на оваа фондација. Годинава имавме 28 апликанти за стипендијата – изјави професор доктор Светлана Кулеванова, декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

dekan-na-farmacija

Светлана Кулеванова, декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје

Професор д-р Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, вели дека со оваа Фондација факултетот добил нова димензија.

– Наградувањето е голем стимул за студентите. Со оваа стипендија тие се поуспешни во студирањето. Оваа година имавме 49 апликанти – изјави проф. д-р Јанкуловски.

dekan-na-medicinski

Професор д-р Никола Јанкуловски, декан на Медицинскиот факултет

Од хуманитарниот пикник, кој годинава се одржа на 27 септември, за вработените на „Алкалоид“, под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, претседателот на Фондацијата, Живко Мукаетов, најави дека средствата донирани од вработените на компанијата во износ од 725.000 денари ќе бидат наменети за Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top