| четврток, 6 декември 2018 |

Македон­ската опозициjа сонува за СИРИЗА, а СДСМ се плаши

По­тре­ба­та од се­ри­оз­ни про­ме­ни во опо­зи­ци­ски­от блок одам­на не е та­бу-те­ма ни­ту во неј­зи­ни­те ре­до­ви. Пос­лед­ни­те ка­та­стро­фал­ни по­те­зи на ра­ко­водс­тво­то на СДСМ, пак, оку­ра­жи­ја дел од за­го­вор­ни­ци­те на иде­ја­та за по­до­бра, по­ква­ли­тет­на и за по­кон­крет­на опо­зи­ци­ја да из­ле­зат од сво­и­те ро­во­ви и да ја про­мо­ви­ра­ат јав­но. За жал, и ту­ка се по­де­ли­ја, па дел ка­и­нов­ски за­ста­на во јав­на од­бра­на на се­гаш­но­то ра­ко­водс­тво. Пр­ви­те се за­мис­ли­ја, уп­ла­ши­ја и пра­шаа - па зар на „до­бро­де­те­лот“ Со­рос му го­ди ва­ква опо­зи­ци­ја?

Иде­ја­та за ви­стин­ска „пер­е­строј­ка“ во опо­зи­ци­ски­те ре­до­ви одам­на тлее кај дел од иде­о­ло­шки­те твор­ци на неј­зи­но­то дејс­тву­ва­ње, но ре­тко кој од нив до­се­га се охра­бри тоа јав­но да го прок­ла­ми­ра. Пред не­кол­ку го­ди­ни, ва­кви­от чин од лу­ѓе­то што на­пра­ви­ја ка­ри­е­ра и то­пол дом во вре­ме­то на вла­де­е­ње­то на се­гаш­на­та опо­зи­ци­ја ќе се тол­ку­ва­ше ка­ко ерес и бо­го­ху­ле­ње. Но вре­ме­то ми­ну­ва­ше, а за СДСМ и за не­го­ви­те иде­о­ло­зи и по­доб­ни пер­а, и са­мо за нив, „ти­ра­ни­ја­та“ рас­те­ше и зе­ма­ше сѐ по­го­лем за­мав. За да би­де иро­ни­ја­та уште по­го­ле­ма, во зе­ни­тот на „ре­жи­мот“, опо­зи­ци­ски­те иде­о­ло­зи и пер­а се „ос­ло­бо­ди­ја“ и пи­шаа тек­сто­ви про­тив – опо­зи­ци­ја­та?! Или, мо­же­би, СДСМ…

Пр­во, сѐ поч­на сра­меж­ли­во и по­дисп­ла­ше­но. Ка­но­на­да­та на дов­че­раш­ни­те „ју­риш­ни­ци“ до спон­зо­ри­те поч­на со од­бра­ни, ме­ки збо­ро­ви, спа­ку­ва­ни со пу­ри­тан­ски во­ка­бу­лар и ин­ди­рект­ност ка­ра­кте­ри­стич­на за дож­дот што по­сто­ја­но го за­о­би­ко­лу­ва Кра­гу­е­вац. На­род­ски ка­жа­но, „имаа чув­ство“ за сво­и­те дов­че­раш­ни да­реж­ли­ви ме­це­ни, но, очиг­лед­но, без­и­деј­но­ста и ка­та­стро­фал­но­ста на че­ко­ри­те на пар­ти­ја­та, кои во­деа од ед­на до дру­га не­бу­ло­за, ко­ја од ко­ја по­го­ле­ма и под­ла­бо­ка, го вклу­чи алар­мот и цр­ве­но­то свет­ло кај ви­стин­ски­те опо­зи­ци­о­не­ри и ин­те­ле­кту­ал­ци. „Иде­о­ло­зи­те“, пак, ги ста­ви во игра опас­но­ста од мож­но­ста за сек­ну­ва­ње на при­хо­ди­те од до­на­то­ри­те, за­ед­но со пар­ти­ја­та.

Вклу­че­ни­от аларм ја во­скрес­на ста­ра­та иде­ја, че­сто ко­ри­сте­на во ми­на­то­то. Се ви­ка „ши­рок фронт“, во кој би се обе­ди­ни­ла це­ла­та ма­ке­дон­ска опо­зи­ци­ја, за­чи­не­то со „ин­те­ле­кту­ал­ци“ и со „нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции“. На­ме­ра­та не е да­леч­на и не­функ­ци­о­нал­на, но проб­ле­ми­те ле­жат во по­ве­ќе фа­кти.

Analiza112-3

Пр­во и ос­нов­но, иде­ја­та прет­по­ста­ву­ва фор­ми­ра­ње но­ви ра­ко­вод­ни те­ла на оваа „обе­ди­не­та“ опо­зи­ци­ја, што прет­по­чи­та и про­ме­ни на ра­ко­водс­тво­то на нај­го­ле­ма­та пар­ти­ја во бло­кот, чин за чи­ја­што „не­воз­мож­на ми­си­ја“ збо­ру­ва по­да­то­кот што тие за да ги со­чу­ва­ат сво­и­те стол­чи­ња не приз­наа из­бо­ри на кои за­гу­би­ја со не­ве­ро­јат­ни 200.000 гла­со­ви. Се­га би тре­ба­ло до­бро­вол­но да ги на­пу­штат по­ра­ди не­ка­ков „ши­рок фронт“?! Те­шко ос­твар­ли­во…

Втор се­ри­о­зен проб­лем за ус­пеш­но­ста на ини­ци­ја­ти­ва­та е прив­ле­ку­ва­ње­то на дру­ги­те опо­зи­ци­ски пар­тии, над­вор од „Со­ју­зот за ид­ни­на­та“. Пар­ти­и­те што не се во овој блок се или пре­ма­ли, т.е. не би на­пра­ви­ле ни­ка­ква раз­ли­ка со сво­е­то при­сус­тво во но­ви­от блок, или, по­го­ле­ми­те, се­ри­оз­но би ус­ло­ви­ле со сме­на на ра­ко­водс­тво­то, кое се­га е цен­три­стич­ки по­ста­ве­но са­мо око­лу СДСМ, по­ра­ди што и из­ле­гоа. По­вр­за­но­ста и не­пре­мост­ли­во­ста на пр­ви­от и на вто­ри­от проб­лем за мно­гу­ми­на ќе би­дат ја­бол­ко на раз­до­рот за ши­ро­ки­от фронт.

Трет проб­лем се ин­те­ле­кту­ал­ци­те и нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, кои би тре­ба­ло актив­но да се вклу­чат во оваа ини­ци­ја­ти­ва. Во од­нос на ин­те­ле­кту­ал­ци­те, мно­гу е по­ве­ро­јат­но да се зго­ле­ми нив­ни­от „транс­фер“ во вла­ди­на­та по­ли­ти­ка и ре­до­ви, кои за мно­гу­ми­на ну­дат по­ве­ќе ин­те­ле­кту­ал­на ал­тер­на­ти­ва од опо­зи­ци­ска­та ква­зи­бор­ба со ре­жи­мот во стил на Че Ге­ва­ра, би­тка ра­ко­во­де­на од чел­ни­ци и пар­ти­ска вр­ху­шка што те­жи мно­гу ми­ли­о­ни евра. Нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции кон кои се стре­ми опо­зи­ци­ја­та, пак, ве­ќе одам­на ја по­ми­наа фа­за­та на Мон­ти Пај­тон. Ви­стин­ски­те НВО ни­ко­гаш не­ма да вле­зат во по­ли­ти­ка, а во рок од са­мо ед­на го­ди­на, најг­лас­ни­те „гра­ѓан­ски“ ли­де­ри ста­наа пре­тсе­да­те­ли на ко­ми­си­и­те на СДСМ, од­бо­ри и што ли уште не. НВО оста­наа со нас­лед­ни­ци по­ста­ве­ни од нив. Ос­нов­но­то пра­ша­ње за овие ор­га­ни­за­ции би би­ло – ка­ко ќе се на­ре­ку­ва­ат ако опо­зи­ци­ја­та по­бе­ди на из­бо­ри? Нев­ла­ди­ни, се­ка­ко, не…

Analiza112-2

И по­крај си­те овие де­те­кти­ра­ни проб­ле­ми, но­ва, сил­на, ви­стин­ска опо­зи­ци­ја ѝ е не­оп­ход­на на Ма­ке­до­ни­ја. Но, очиг­лед­но, глав­ни­от проб­лем во неј­зи­но­то офор­му­ва­ње ќе би­де „брат­ска­та“ опо­зи­ци­ја, ко­ја со ли­кот на Ка­ин ќе пре­ве­ни­ра соз­да­ва­ње ка­ков и да е „про­тив­ник“, па ма­кар имал по­до­бри идеи и по­и­скре­ни на­ме­ри. Се­га СДСМ е нај­го­ле­ма и „глав­на“ опо­зи­ци­ска пар­ти­ја. То­гаш би би­ла „ни­кој и ни­што“, или би би­ла та­ква во очи­те на ра­ко­водс­тво­то, кое е и нај­важ­но во при­ка­ска­та – а во тој слу­чај, не би би­ло ра­ко­водс­тво. За да се за­ме­тка се­то тоа, „нај­го­ле­ма­та“ опо­зи­ци­ска пар­ти­ја екс­прес­но де­ман­ти­ра­ше соз­да­ва­ње ва­ков блок, јас­но истак­ну­вај­ќи де­ка си­те би­ле до­бре­дој­де­ни во „нив­ни­от.“ А та­му газ­да е зна­е­те кој…

Уште по­ин­ди­ка­тив­на бе­ше ре­ак­ци­ја­та кај опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми. По­дел­ба­та бе­ше нај­бр­за и нај­јас­на кај нив. Со за­шти­та­та на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на од „ва­кво зло“ што би го раз­ни­ша­ла СДСМ и би ја за­си­ли­ло опо­зи­ци­ја­та во др­жа­ва­та, дел од ме­ди­у­ми­те јас­но и глас­но по­ка­жаа за што и за ко­го се за­ла­га­ат. За де­мо­кра­ти­ја, си­гур­но, не…

 

Ivanka-Dodovska-analiza2

До­дов­ска: СДСМ оди кон ПАСОК, се ба­ра ма­ке­дон­ска СИРИЗА

По­ве­ќе од очиг­лед­но е де­ка СДСМ ќе ја спо­де­ли исто­ри­ја­та на грч­ки ПАСОК, ве­ли доц. д-р Иван­ка До­дов­ска од Прав­ни­от Фа­кул­тет во Скоп­је, спо­ред ко­ја иде­и­те за но­ви ко­а­ли­ции и фрон­то­ви се дел од по­тра­га­та по ма­ке­дон­ска СИРИЗА. Проб­ле­мот е кој би бил ма­ке­дон­ски­от Ци­прас?

ДОДОВСКА: На­ја­ви­те за вна­тре­пар­ти­ски и пар­ти­ски пре­гру­пи­ра­ња во ком­би­на­ци­ја со нај­раз­лич­ни­те вли­ја­ни­ја на гра­ѓан­ски т.е. нев­ла­ди­ни кон­цеп­ции, осо­бе­но во ле­ви­ца­та, не прет­ста­ву­ва­ат ни­што но­во за ма­ке­дон­ска­та јав­ност. Ва­кви­те со­стој­би кај нас се за­бе­ле­жу­ва­ат ре­дов­но се­ко­ја вто­ра или тре­та го­ди­на, пред сѐ, во ус­ло­ви ко­га ле­ви­от опо­зи­ци­ски блок се на­о­ѓа во без­и­де­ен ќор-со­как. Ко­га би са­ка­ле да го­во­ри­ме со ед­на по­го­ле­ма се­ри­оз­ност за ре­а­ли­за­ци­ја­та на еден ва­ков прет­по­ста­вен кон­цепт, се­ка­ко, тре­ба пр­во да ја зе­ме­ме пред­вид ос­но­ва­та, т.е. ка­дров­ски­от по­тен­ци­јал на за­мис­ле­ни­от по­ли­тич­ки­от ен­ти­тет, по­на­та­му, јас­на­та ви­зи­ја по­ткре­пе­на со се­ри­оз­но но­ва и ори­ги­нал­на пла­тфор­ма за дејс­тву­ва­ње и, над сѐ, до­бри­те ор­га­ни­за­ци­ски по­тен­ци­ја­ли со кои би рас­по­ла­га­ле. Ка­ко што истак­нав пред по­ве­ќе ме­се­ци де­ка СДСМ се дви­жи по тра­е­кто­ри­ја­та на грч­ки ПАСОК, се­га би мо­же­ла да кон­ста­ти­рам де­ка во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со ва­кви­те нај­а­ви се пра­ви одре­ден обид да се на­пра­ви ед­на ма­ке­дон­ска вер­зи­ја на грч­ка СИРИЗА. Ту­ка, се­ка­ко, ле­жи и пра­ша­ње­то на де­нот – кој би бил во тој слу­чај ма­ке­дон­ски­от Ци­прас. Ова от­та­му што е еви­дент­но де­ка фор­си­ра­ње­то на ва­ква­та те­за во јав­но­ста сло­бод­но мо­же­ме да ја гле­да­ме и низ приз­ма­та на не­кол­ку­те гру­пи на ин­те­рес и тоа: мар­ги­на­ли­зи­ра­ни­те пар­ти­ско–по­ли­тич­ки стру­кту­ри во ле­ви­ца­та, при­пад­ни­ци­те на ме­ди­у­ми­те што дејс­тву­ва­ат од по­ве­ќе раз­лич­ни кор­пу­си на вли­ја­ни­ја, одре­де­ни де­лов­ни стру­кту­ри бли­ски до ле­ви­ца­та, ка­ко и одре­де­ни „стру­кту­ри на НВО“, кои во ед­на ва­ква си­ту­а­ци­ја би би­ле дел од пер­ја­ни­ца­та на оваа прет­по­ста­ве­но со­се­ма воз­мож­на ма­ке­дон­ска СИРИЗА.

За До­дов­ска е со­се­ма ло­гич­но тоа што СДСМ ги де­ман­ти­ра ва­кви­те нај­а­ви, осо­бе­но за­тоа што со раз­ви­ва­ње­то на ед­на ва­ква иде­ја нај­го­ле­ми­от гу­бит­ник ќе би­де ток­му тој са­ми­от.

ДОДОВСКА: Све­до­ци сме де­ка де­но­ви­ве од исти­те ме­ди­ум­ски стру­кту­ри ка­де што е пла­си­ра­на нај­а­ва­та за нов опо­зи­ци­ски блок, че­сто се нај­а­ву­ва­ше и раз­дру­жу­ва­ње­то на СДСМ со НСДП и со ЛДП, ка­ко нај­го­ле­ми ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри. Исто та­ка, не­ос­пор­но мо­ра­ме да го зе­ме­ме пред­вид фа­ктот де­ка на пос­лед­ни­те из­бо­ри се по­ја­ви­ја и два но­ви по­ли­тич­ки суб­је­кта, кои из­ле­гоа од стру­кту­ри­те на СДСМ и на „Со­ју­зот за ид­ни­на­та“, ов­де мис­лам на ГРОМ на Стев­че Ја­ки­мов­ски и Али­јан­са­та за по­зи­тив­на Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко по­ли­тич­ки пар­тии во чи­и­што ра­ко­вод­ни пар­ти­ски стру­кту­ри се нај­доа по­ра­неш­ни­те ви­со­ки функ­ци­о­не­ри на СДСМ. Во овој кон­текст, не тре­ба да се за­не­ма­ру­ва и на­пу­шта­ње­то на ко­а­ли­ци­ја­та со СДСМ од стра­на­та на Ли­бе­рал­на­та пар­ти­ја, ка­ко и на Срп­ска­та на­пред­на стран­ка на Дра­ги­ша Ми­ле­тиќ. Ако ги зе­ме­ме пред­вид си­те на­ве­де­ни па­ра­ме­три, лес­но би мо­же­ле да ја комп­ле­ти­ра­ме це­лос­на­та кон­фу­зи­ја што вла­дее во ле­ви­от опо­зи­ци­ски блок. От­ту­ка, сло­бод­но мо­же­ме да зак­лу­чи­ме де­ка стра­ву­ва­ња­та во СДСМ за соз­да­ва­ње­то на еден нов и се­ри­о­зен кон­ку­рен­тен по­ли­тич­ки Ле­ви­ја­тан во ле­ви­от блок, во ни­кој слу­чај, не се без ос­но­ва.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 112. број на неделникот „Република“, 24.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top