| четврток, 6 декември 2018 |

Кејти Прајс: Писториус ми праќаше пораки за време на судењето

Британската старлетата Кејти Прајс откри дека поради тоа што таа го споменала во својата колумна, Оскар Писториус во текот на судењето за убиството на Рив Стикемп и праќал директни пораки преку „Твитер“.

– Често ми праќаше пораки. Чудно зарем не? Ми се заблагодаруваше на поддршката и слични работи. Тоа беше некоја општа конверзација. Тој мене прв ми се јави бидејќи го споменав во својата колумна па се повика на тоа. Јас баш и не го поддржав, само сакав да истакнам дека тие кои се наоѓаат на обвинителната клупа се едниствените кои знаат што точно се случило. Секој е невин додека не се докаже спротивното – изјави Кејти.

Имено, таа уште во март во своја колумна за едно списание напиша: Не е важно кој си и што си или од каде доаѓаш и што работиш, сите ние сме еднакви пред судот и нема место за предрасуди и надворешни фактори кои би можеле да го комплицираат процесот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top