| четврток, 6 декември 2018 |

Многу добитници, малку лоши губитници

нафта

Колапсот на Советскиот сојуз во 1991 година предзвика многу штети. Но ниту една не беше толку голема како што беше падот на цената на нафтата, главниот извозен производ на земјата, и тоа за две третини според тогашните услови помеѓу 1980 и 1986 година. Истовремено, 14-годишното владеење на Владимир Путин, кој го наследи сето она што остана од земјата, беше засилено со трократен раст на цената на нафтата.

Сега, цената на нафтата повторно паѓа. Од јуни до денес таа опадна од околу 115 долари за барел за суровата нафта Брент, на 85 долари – што е намалување за околу една четвртина. Ако цените останат на денешното ниво, сметката на потрошувачите на нафта ќе биде за околу еден трилион долари годишно пониска. Тоа ќе биде ветер во грб за светската економија која е во застој. Но исто така ќе предизвика и големи политички последици. За некои влади тоа ќе биде ретка шанса; за други ќе биде закана.

Нивото на нафта од шкрилци

Предвидувањето на цената на нафтата е матна игра (тоа го кажуваме од искуството). Падот на цените во изминатите три месеци е резултат воглавно на неочекуваните – и можеби и краткорочните – ситуации. Кој би можел да претпостави дека хаотичната и од војна разорена Либија ќе испумпува 40 проценти повеќе нафта на крајот на септември отколку само неколку месеци претходно? Одлуката на Саудиска Арабија да го зголеми извозот за да го заштити својот удел на пазарот и да им наштети на американските производители на нафта од шрилци, и заради новите откритија на нафтени наоѓалишта на Арктикот, беше исто големо изненадување. Можеби падот беше пренадуен од инвеститорите преку скриени капитали со резерви на нафтата кои тие ја чуваа со лажни очекувања дека цените ќе растат.

Геополитичките шокови исто можат да влијаат и во нагорна и во надолна линија. Саудиска Арабија можеби ќе одлучи да ја задржи својата самозададена позиција како производител колевка и да го намали извозот за уште еднаш да ги зголеми цените. Кога од војна е зафатен Ирак, кога Либија е се уште кревка, а Нигерија е заплисната од бунтови, набавките се кревки заради силите на хаосот.

Но многу од причините за пониските цени остануваат во сила. Економскиот неспокој кој натежнува надолу заради побарувачката не е во врска со растот, и покрај освежувањето со евтина нафта. Конзервацијата (заштитата на човековата околина), поттикната од високите цени и зелените регулативи, е повеќе расчеречена отколку еластична. Новите автомобили трошат просечно 25 проценти помалку бензин по километар отколку тие пред десет години. Некои набљудувачи сметаат дека богатиот свет го достигнал „автомобилскиот врв“ и дека мотористиката е во долгорочен пад. Дури и ако грешат, пониските цени ги куражат луѓето повеќе да возат, па идеите за штедење енергија нема веднаш да бидат забошотени.

vladimir-putin

Поголемиот дел од екстра доставите се исто така „печени“. За повеќето инвестиции во нафтата требаат повеќе години и, до извесен степен, не можат лесно да бидат исклучени. Револуцијата со фракирањето изгледа дека исто ќе се разжести. Уште од почетокот на 2010 година, САД кои се главниот добитник, го зголеми свооето производство од повеќе од три милиони барели на 8,5 милиони барели на ден. Нафтата од шкрилци е релативно скапа затоа што доаѓа од повеќе мали и краткорочни извори. Аналитичарите тврдат дека една третина од изворите ќе загубат пари ако цената падне под 80 долари за барел, па така производството на нафта од шкрилци ќе се прилагоди и ќе помогне да се постави како основа за таа цена. Но основата ќе биде искривена. Точките за изедначување паѓаат. Во намалувањето на цените во минатото, нафташите ги посрамотија експертите со пронаоѓање на незамисливи методи на заштеди. И сега нема да биде поинаку.

За владите во потрошувачките општества падот на цените на нафтата нуди буџетско здивнување. Субвенциите за гориво испумпуваат скандалозни количини на пари во многу земји во развој – 20 проценти од јавните трошоци во Индонезија и 14 проценти во Индија (вклучувајќи и ѓубрива и храна). Пониските цени на владите им даваат можност попродуктивно да ги трошат парите или да ги враќаат на даночните обврзници. Неделава Индија поведе напред најавувајќи крај за субвенциите за дизел. И други држави може да го следат патот кој го зацрта Нарендра Моди.

Оската на дизелот

Наспроти тоа, за оние влади кои користеле брзи приходи од високите цени за да водат агресивна надворешна политика, нештата можат да станат непријатни. Најкревки се Венецуела, Иран и Русија.

Прва на удар е Венецуела, седиштето на антиамериканската „боливарска револуција“ која починатиот Хуго Чавез се обиде да ја извезе во светот. Буџетот на Венецуела е заснован на цената на нафтата на 120 долари за барел. Дури и пред падот на цената на нафтата, земјата се мачеше да ги исплати своите долгови. резервите за размена со странство се истрошија, инфлацијата дивее, а венецуелците ги издржуваат неостатоците од секојдневни намирници, како што се брашно и тоалетна хартија.

Иран е исто така во незгодна ситуација. На земјата и треба цена од 140 долари за барел за да балансира на мирен буџет на основа на шемите за екстравагантните трошења на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Санкциите кои беа воведени со цел земјата да сопре со нуклеарната програма, создадоа посебно ранлива ситуација. Некои тврдат дека сунитската Саудиска Арабија е во конспирација со Америка да ги користи цените на нафтата за да врши притисок врз нивните шиитски ривали. Каква и да е мотивацијата, цените кои паѓаат секако дека го создаваат овој ефект.

Во споредба со претходно спомнатите две држави, Русија може да игра со времето. Опадната валута значи дека вредноста на рубљата на основа на продажбата на нафтата опаднала помалку отколку нејзината вредност во однос на доларот, ги омекна жетвата на даноците и го ограничен буџетскиот дефицит. Кремљ може да се влече на парите кои ги собра во резервни фондови, иако се тие помали отколку што беа пред неколку години, а и веќе ги искористија во следниот буџет. Русија можеби може да се справи со денешните цени во следните 18 месеци до две години, но парите на крајот ќе ги снема. Модернизацијата на армијата на Путин апсорбираше 20 процети од јавната потрошувачка, и изгледа како екстраваганција. Санкциите ја ограничуваат економијата и отежнуваат за доаѓање до кредити. Посиромашните руси се помалку ќе можат да си дозволат увозна храна и потрошувачки стоки. Ако цената на нафтата остане каде што е, таа ќе распали немири.

Демократите и либералите треба да ги поздрават тешкотиите кои цената на нафтата ја наметнува на земјите како Иран, Венецуела и Русија. Но исто така постои и се поголем ризик од настабилност. Релативно умерениот претседател на Иран, Хасан Рохани, беше избран за да го подобри животниот стандард на луѓето таму. Ако економијата тоне, тоа ќе ги засили неговите тврдолинијашки противници. Слично на тоа, банкротот во Венецуела ќе донесе силни последици не само за Венецуелците, туку и за карипските држави кои се силно зависни од боливарската помош. А Путин, лишен од економската оправданост, може се подлабоко да потпадне во ксенофобичен национализам, кој беше водилка за неговата кампања во Украина. Поевтината нафта е добредојдена, но не е и ослободена од предизвикување на штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top