| четврток, 6 декември 2018 |

Патронажните сестри ќе се обучуваат за рано откривање на деца со развојни тешкотии

unicef

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, со поддршка на Здравствениот дом Скопје и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), почна со серија обуки за патронажни сестри на тема рано откривање и рана интервенција на деца со развојни тешкотии и поддршка на нивните семејства.

Сеопфатната програма за обука го користи принципот патронажни сестри обучуваат партонажни сестри, изработен од страна на здружението, под водство на Универзитетот „Алстер“.

– Патронажните сестри самите препознаа потреба за ваква обука. Сакавме да ја зголемиме нашата улога и да ја развиеме мрежата на партнери, за да можеме да дадеме поголема поддршка на родителите на деца со спреченост – изјави Велка Лукиќ, претседател на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки.

Средното ниво на спреченост или заостанување во развојот не се идентификуваат додека детето не дојде на училишна возраст. Со оваа иницијатива, патронажните сестри ќе бидат подобро подготвени за да го следат општиот развој на новореденчињата и на малите деца; да ги препознаат знаците на развојни тешкотии; и да обезбедат поддршка на родителите и на семејствата.

– Многу често децата со спреченост остануваат скриени во нивните домови и немаат пристап до услуги за рана рехабилитација и други специфични услуги – изјави д-р Бертранд Демулен, претставник на УНИЦЕФ. Раните години од животот се најдобро време за идентификација и навремена холистичка интервенција за да се намалат тешкотиите што би можеле да влијаат на долгорочниот развој на детето.

Во обуката се вклучени и родители на деца со спреченост. Родители од невладините организации „Даун синдром Центар“, „Порака“ и „Раст“ се дел од обуката за да им укажат на патронажните сестри на многуте предизвици и потреби на родителите со деца со развојни тешкотии.

– Иницијативата вклучува и воспоставување стандарди, како и воведување стандарден пристап во превентивните активности. За да се одговори на потребите за здравствена и социјална поддршка за децата со спреченост, особено значење има Обуката се спроведува низ каскаден модел. Се предвидува дека сите патронажни сестри ќе бидат обучени во текот на една година. Обуките ќе ги спроведува тим патронажни сестри, кои беа активно вклучени во развој на програмата за обука – рече д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top