Американец ставил мотор од авион на училиштен автобус и возел малку повеќе од 590 километри на час.
Набргу откако Пол Стендер од Индијана постигнал преголема брзина, автобусот му се запалил.
– Ова е првиот училиштен автобус во историјата, а веројатно и каков било автобус, кој успеал да развие таква неверојатна брзина. Жал ми е што не го направив ова уште додека бев студент. Секогаш се нервирав колку е бавен училишниот автобус – изјавил Стендер.
– Мојата порака за децата е да имаат свое хоби, па колку и да е глупаво тоа. Да прават нешто креативно . Само така ќе се држат настрана од дрогата и од лошото влијание на разни хулигани. Моето мото е испишано и врз автобусот: авионите се топли, дрогата не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.