Македонскиот тим составен од десет члена освои 23 медали на Светското првенство во борачки вештини и борби 2014 година во Умаг, Република Хрватска. Овие млади спортисти на Македонија ѝ донесоа 11 светски шампионски титули, седум вицешампионски и пет бронзени, односно трети места.

Специјалниот Совет на мајстори и светската федерација на специјална церемонија на мајсторот Златко Неделковски со посебни почести му додели сертификат мајстор осми дан во кик бокс.

– Многу сум задоволен. Се надевам дека догодина ќе одиме со уште поголема екипа на светското првенство во Чикаго. Минатата година бевме четворица, а оваа 10 учесници. Се подготвувавме два месеца – двапати дневно – изјави Златко Неделковски.
Официјален извештај:
[лајт контакт борби]
1. Сара Илиевска [лајт контакт борби – кат. -25кг.] злато
2. Сара Илиевска [лајт контакт борби – кат. -30кг.] сребро
3. Христијан Котевски [лајт контакт борби – кат. -40кг.] бронза
4. Маја Кузманова [лајт контакт борби – кат. -40кг.] злато
5. Били Мишевски [лајт контакт борби – кат. -40кг.] сребро
6. Андреј Христовски [лајт контакт борби – кат. -45кг.] сребро
7. Маја Кузманова [лајт контакт борби – кат. -45кг.] злато
8. Антонио Десковски [лајт контакт борби – кат. -45кг.] злато
9. Сунај Мифтар [лајт контакт борби – кат. -65кг.] бронза
10. Андреј Иванов [лајт контакт борби – кат. -65кг.] сребро
11. Јован Марушевски [лајт контакт борби – кат. -70кг.] злато
[семи контакт борби]
1. Христијан Котевски [семи контакт борби – кат. -40кг.] бронза
[демонстрации во музички форми со традиционално оружје]
1. Христијан Котевски [музички форми со оружје -12 год.] злато
2. Сара Илиевска [музички форми со оружје -12 год.] сребро
3. Андреј Иванов [музички форми со оружје -17 год.] злато
4. Јован Марушевски [музички форми со оружје -17 год.] сребро
[демонстрации во самоодбрана]
1. Сара Илиевска [самоодбрана -12 год] злато
2. Христијан Котевски [самоодбрана -12 год] сребро
3. Били Мишевски [самоодбрана -12 год] бронза
4. Антонио Десковски [самоодбрана -12 год] бронза
5. Сунај Мифтар [самоодбрана -17 год] злато
[демонстрации во екстремна самоодбрана]
1. Дијана Неделковска [екстремна самоодбрана] злато
*( во апсолутна категорија од +18 )
[демонстрација/презентација на тај чи – ветерани]
1. Си фу Златко Неделковски [тај чи – ветерани] злато
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми! (видео)
-
И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт
-
Кениецот Киротич Кируи – по втор пат победник на Скопскиот маратон


