| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Гостивар: Ние имаме програма, а СДСМ празна реторика

premier gostivarKандидатот за градоначалник кој го предложивме Сашо Аќимоски излезе со конкретна програма, со конкретни рокови, идеи кои беа собирани заедно со гостиварчани, бидејќи тоа нашиот начин на работа, рече претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Груевски пред граѓаните на Гостивар рече дека не постои на светот човек кој може да вети дека ќе ги реши сите проблеми, па така ни тој нема да вети дека ќе им ги реши сите проблеми на луѓето, но Груевски рече дека ќе се потруди да ги реши поголемиот дел од проблемите.

-Во програмата на Сашо Аќимски има изградба на нови патишта, мост, прочистителна станица, реконструкција на здравствениот дом, железничка станица, изградба на неколку спортски повеќенаменски игралишта, тениски терен, уредување на коритото на реката Вардар, како и уште многу други проекти, рече премиерот.

Груевски во свoето обраќање рече дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое на време излезе со изборна програма, нивниот политички конкуренент СДСМ има само гола реторика.

-Во СДСМ нема ниту програма, нема проекти, нема демократија. Се прашувам како е можно ЕУ да дава неколку години позитивен извештај, а последната година и најпозитивен извештај за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ, а Бранко Црвенковски да го лаже народот дека во Македонија нема демократија. Само во главата на Бранко Црвенковски има режим. Него не му верува никој, па дури ни неговите сопартијци, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека освен тоа што СДСМ не се занимава со програма и проекти за подобар живот на граѓаните, оти тие пробаат на секој начин да подбуцнат и да створат меѓуетнички конфликти, со надеж дека граѓаните ќе се разочараат и ќе посакаат Црвенковски да се врати на власт.

-Забележуваме дека пред секој важен настан за Република Македонија се случуваат вакви работи. Можам да кажам дека СДСМ со ваквите постапки станаа класични пиромани, прво потпалуваат, а потоа нас не криват дека ги правиме тие работи. На Бранко повеќе не му палат овие финти, вели Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top